Услови и Правила

1.Дефиниции

Со овие услови во системот за зонско паркирање долунаведените зборови се со следното значење:

1.1“Корисник”: физичко или правно лице, кое врз основа на договор со Обезбедувачот, плаќа надоместоци за паркирање по пат на мобилен телефон во комбинација со системот

1.2“Обезбедувач на услуги”: правно лице кое го регистрира корисникот преку системот за зонско паркирање, кој ги регистрира податоците обезбедени од страна на корисникот и испраќа документи за трансакции на Паркинг операторот.

1.3 “Паркинг оператор”: физичко или правно лице одговорно за извршување на законите за паркирање базирани на договорот со сопственикот на паркинг просторот; или оној кој работи со сопствен паркинг простор и чии одговорности можат да вклучат, но не се ограничени на, сигнализација на паркинг простор и имплементација на паркингот. Паркинг оператор може да биде која и да е општина и/или друг тип на ентитет, како на пример влада, организација или компанија.

1.4 “Регистриран корисник”: лицето кое преку своите услуги регистрира одредени податоци од корисникот и време на паркирање и преку кои податоците се достапни онлајн за паркинг операторот за имплементација на целите.

1.5 “Систем за Зонско паркирање”: база на податоци, компјутерска или комуникациска опрема користена од страна на системот за зонско паркирање со соодветен софтвер и интернет веб страница.

1.6 “Услуга”:”Паркинг” услуга, понудена од понудувачот, според договорот помеѓу обезбедувачот и корисникот.

1.7 “Мрежа”: мобилна мрежа на која е поврзан корисникот.

2.Апликација

2.1 Корисничките правила и услови се однесуваат на употребата на системот за зонско паркирање. Овие услови можат да се проверат на страницата на системот за зонско паркирање (www.parking.mk)

2.2 Обезбедувачот на услуги го задржува правото да извршува промени. Промените ќе се објават на веб страницата. Измените ќе се објават на веб страницата.

2.3 Ако некоја од клаузулите од овие услови се смета за невалидна или се поништи, другите клаузули ќе останат правосилни. Поништена клаузула останува на сила се додека ја потврдува целта и насоката на поништената или невалидно прогласената клаузула.

3.Системот за зонско паркирање

3.1 Корисникот може да ја започне/прекине сесијата на паркирање со својот мобилен телефон; да испраќа текстуални пораки (СМС) до системот

3.2 Употребата на системот е овозможена само за мобилните телефонски броеви регистрирани во системот при паркирање на возило со број на регистарска табличка, а може да се користи и број на картичката на транспондерот регистрирано во системот од страна на корисникот.

4.Регистрација на корисникот

4.1 Регистрацијата се организира кај обезбедувачот на услуги, по пат на процедура определена од обезбедувачот.

4.2 Корисникот е одговорен за точни податоци како што се име, адреса, место на живеење, податоци за компанијата, број на регистарска табличка и адреса на е-пошта.

4.3 Измени во единствените податоци за корисникот дадени претходно треба да се пријават од страна на корисникот на хартија, во соодветен рок.

4.4 Податоците за корисникот ќе бидат третирани како доверливи (погледајте Политика за приватност).

4.5 Регистрацијата на корисникот ќе биде валидна веднаш штом го прифати обезбедувачот и системот за зонско паркирање.

4.6 Корисникот мора да ги запамети податоците кои се неопходни за користење на услугата, како што е име за најава и лозинка и да ги чува на безбедно место.

5.Договор со корисникот

5.1 Договорот ќе стапи на сила со времетраење од една година и ќе се продолжува автоматски за едногодишен период.

5.2 Договорот ќе се прекине ако корисникот го информирал обезбедувачот дека сака да го прекине договорот најмалку еден месец пред крајот на периодот на претплатата. Датумот на пристигнување е обврзувачки.

5.3 Системот за зонско паркирање може да се користи само со валидна претплата. Претплатата е валидна кога корисникот ги прифаќа условите и ги исполнува сите останати обврски.

5.4 Забрането е да се изведуваат активности, или пак да се воздржуваат од превземање на активности, или да се извршуваат дејствија во насока на избегнување, намалување или на кој било начин негативно да се влијае на обврските кои резултираат од овие услови. Дејствувањето спротивно на горенаведеното, му дава на обезбедувачот добра причина да го прекине или поништи договорот додека го задржува правото да ја поврати штетата која ја претрпел обезбедувачот како резултат на дејствието.

5.5 Операторот го задржува правото да го суспендира исполнувањето на сите обврски до конечно исполнување на барањата од корисникот.

5.6 Корисникот не е овластен да го користи пристапот понуден од системот за зонско паркирање до системот за која било друга намена освен дозволената, да пренесува користење на трета страна. Во случај на злоупотреба, Операторот е овластен да го исклучи корисникот од понатамошна употреба на системот.

5.7 Обезбедувачот е овластен да го прекине договорот веднаш, по писмен пат, во случај корисникот да не ги задоволува обврските кои произлегуваат од овие правила за користење.

6.Користење на системот за зонско паркирање

6.1 Системот за зонско паркирање може да се употреби само во области во кои управуваат Паркинг оператори, кои се идентификувани за корисникот по пат на сообраќаен знак поставен на видливо место во зоната на паркирање или со информативни табли. Корисниците можат да најдат важни податоци во врска со употреба на системот на следната веб страна (www.parking.mk).

6.2 Со цел да се регистрира почетокот и крајот на паркинг сесијата, корисникот мора да напише соодветна текст порака (СМС) и да ја испрати до бројот кој го користи системот за зонско паркирање144144.

6.2.1 За да се регистрира почетокот на сесијата за паркирање, корисникот ќе напише СМС порака со шифра на зоната каде што е паркирано возилото, а потоа празно место и на крај бројот на рег.табличка на возилото кое сака да го паркира. (на пр. A1 ABC123) и испрати податоци на 144144.

6.2.2 За да се регистрира крај на сесијата за паркирање, корисникот треба да напише СМС порака со внесување на буквата С латинично (S) и ќе ја испрати пораката на 144144.

6.2.3 Одговор за корисникот: Која било СМС-порака испратена од корисникот, ќе биде проследена со повратна СМС- порака испратена од системот како одговор до корисникот. Во врска со СМС-пораките од корисниците, одговорот може да биде или потврда за почеток/крај на паркирање или друга информација.

6.2.4 Сите достапни СМС-наредби, нивните одговори и инструкциите за употреба можат да се најдат на следната веб страна www.parking.mk

6.3 Во сите случаи корисникот ќе биде одговорен за правилното користење и функционирање на мобилните телефони кои се користат за системот

6.4 При завршувањето на сесијата за паркирање преку реистрираниот мобилен телефон, ќе се определи временскиот период.
Единствено случај на дефект кој попречува откажувањето да биде испратено од мобилен телефон користејќи ја мобилната мрежа на системот, корисникот може откажувањето да го направи преку друга телекомуникациона врска избирајќи го бројот за помош.

6.6 Во сите случаи во кои се прекинува договор со корисникот, Условите и правилата ќе ги регулираат сите односи помеѓу страните колку што е потребно за нивно исполнување.

6.7 На системот за зонско паркирање, неговите обезбедувачи кои се дел од системот, им се дозволува, помеѓу другите, за цели на одржување, подобрување и поправка на Услугите, да ги исклучат од употреба (дел од) една или повеќе конекции или друга техничка опрема која е во сопственост на Услугите. Системот за зонско паркирање и неговите обезбедувачи во случај тоа да е сериозно, ќе го известат корисникот за овие активности однапред.

6.8 Системот за зонско паркирање не гарантира непрекината услуга (статусот на безжичната мрежа која корисникот ја користи не е во наша контрола). Доколку системот не може да се користи, поради која било причина, времето за паркирање ќе се регистрира на друг начин (на пр. со греб- картичка)

6.9 Трансакцијата е формално завршена кога корисникот, при завршување на сесијата, добива потврда од системот. (Трансакцијата е официјално завршена откако корисникот ќе испрати порака за крај на паркирање,и добие потврда од системот)

6.10 Доколку зоната на паркирање има рестриктивно време, паркинг сесијата ќе престане автоматски во време определено од страна на Паркинг операторот. Корисникот автоматски ќе добие информативна порака дека паркирањето е завршено .

6.11. Сите текстуални пораки кои се автоматски испратени од страна на системот за зонско паркирање до корисникот се бесплатни.Пораките, кои корисникот ги праќа до системот за зонско паркирање се наплатуваат според редовната тарифа според корисничката претплата односно тарифна шема.

6.12 Општинските регулативи за паркирање важат за сите корисници на системот кои се регистрираат преку него за соодветната општина.

7.Одговорност

7.1 Обезбедувачот и/или Системот за зонско паркирање не се одговорни за штетите или дејствијата било директно или индиректно, независно дали се предизвикани договорно или како последица на нелегално дејство- предизвикани од нефункционирање или неправилно функционирање на системот ниту пак ќе бидат одговорни за какви било недостатоци (за време на имплементацијата) во Услугите или овие услови.

7.2 Обезбедувачот и Системот за зонско паркирање не се сметаат за одговорни за каква било индиректна/последователна штета предизвикана од употребата на системот. Корисникот ја знае и прифаќа можноста да регистрира почеток и крај на паркирање преку мобилен телефон, или за можноста да добива текст пораки во врска со трансакциите зависи од компанијата на мобилна телефонија со која лицето има договор.

7.3 Системот за зонско паркирање и/или обезбедувачот е само одговорен за директни штети во случај на намерна односно груба негрижа, освен во случај на намерно или грубо кршење од страна на обезбедуувачот на системот за зонско паркирање кој вклучува трети лица. Одговорност за директна штета е ограничена на максимум 1000 денари по настан, земајќи предвид дека последователни поврзани настани се сметаат како еден настан.

7.4 Правото на компензација ќе пропадне во случај ова право да не е изнесено пред суд во период од шест месеци по случувањето на настанот кој ја предизвикал штетата.

7.5 Обезбедувачот и /или Системот за зонско паркирање не може да се смета за одговорен за директни, индиректни и/или последователни штети кои потекнуваат од некоректно функционирање на мобилна телефонска мрежа на корисникот, ненавремено добивање на текст- порака, околности вон нечија контрола, дејства или пропусти на еден или повеќе трети страни и неправилна употреба на Системот за Зонско паркирање од страна на корисникот.

7.6 Корисникот е одговорен за материјални и нематеријални штети кои директно или индиректно ги претрпува обезбедувачот и/или Системот за зонско паркирање кои се резултат на дејства или пропусти во спротивност на овие услови, овластени насоки, на правото и судски или претходни арбитрарни пресуди помеѓу страните. Во овој случај законот експлицитно ќе значи кое било илегално дејствие извршено од корисникот за што обезбедувачот и/или Системот за зонско паркирање ќе биде одговорен.

7.7 Системот за зонско паркирање и/или обезбедувачот нема да се смета за одговорен за штети предизвикани од имплементација на Паркинг оператор поврзан со системот за зонско паркирање. Во случај Паркинг операторот да наметне дополнителни услови со цел да се регулираат услугите, Системот за зонско паркирање не прифаќа никаква одговорност во случај корисникот да не успее да ги земе предвид овие дополнителни услуги, или пак тоа да го направи на соодветен начин или ако услугите се несоодветни.

7.8 Системот за зонско паркирање го задржува правото да направи измени или корекции на условите за корисниците без претходна најава, во било кое време. Вака дополнетите услови за корисниците ќе стапат на сила од моментот на објавување на веб страницата. За сите големи промени корисниците ќе се известат навремено и овие промени ќе се објават на веб сајтот на www.parking.mk.

7.9 Со користење на услугите за зонско паркирање, корисникот ги прифаќа овие промени. Се препорачува редовно да се прави преглед на Условите и правилата на со цел да се детерминира кои моментални услови се релевантни.

8.Релевантен закон и решавање на спорови

8.1 Законите на Република Македонија ќе ги регулираат сите спорови.